Минатата година беше и рекордна за компанијата Volkswagen бидејќи беше забележано производство на над 6 милиони возила. Ова се бројки кои никогаш досега не биле постигнати и затоа се дава така големо внимание. Тука се работи за вкупно 11 брендови коишто се дел од VW групацијата, а сите заедно стигнаа до надминување на досегашниот најдобар резултат од 10,3 милиони возила.
Автомобилите од матичниот бренд, Volkswagen чинат дури 60 проценти од производството, а возилата се правеа во 50 фабрики во 14 земји во светот во кои се изработуваа повеќе од 60 модели.
Податоците велат дека до рекордносто производство меѓу другото е дојдено благодарение и на целосно новите модели како T-Roc, Tiguan Allspace и Atlas (не се продава во Европа). На пазарот доминираа и модели како што се Golf, Polo и Passat.
Инаку, како и другите произведувачи на автомобили и Volkswagen полека се насочува кон развојот и производството на електрични автомобили, а тоа ќе биде дополнителна причина за растење на гошното производство.