Одличен скок во 2017: Продадени над 1 милион електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Љубителите на автомобилите почнаа полека да се преориентираат кон електричните возила, а тоа придонесе за зголемување на продажбата која за 2017 година ја надмина бројката од еден милион. Кон овие возила вклучени се електричните автомобили и плаг-ин хибридите, па ова е одлична бројка на продадени возила. Според проценките бројот на електрични возила и plug-in хибриди коишто се возат низ светот во моментов изнесува околу три милиони.

Аналитичарите веќе подготвија и проекција со која се покажува како би изгледала продажбата на возилата за 2018 година доколку продолжи истата тенденција за растење. Бројката е од 1,7 до 2 милиони возила.

Ако се земе предвид податокот дека годишно во светот се продаваат околу 90 до 95 милиони автомобили се доаѓа до информација дека учеството на овие возила е нешто над 1 процент, но има држави каде процентот е многу поголем како на промер Норвешка која продава и до 40 проценти електрични возила.

Колку за потсетување најголемите пазари на plug-in возила се Кина, САД; Норвешка, Јапонија, Холандија и Велика Британија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK