Оди како алва: Citroen C3 Aircross веќе продаден во 50.000 примероци

ОБЈАВЕНО НА:

Промовиран во последниот квартал од минатата година, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross веќе постигна продажба од 50.000 возила во Европа, од кои 23.000 се во Франција. Надминувајќи ги дури и прогнозите на самиот бренд, овој успех е потврда за исклучителната привлечност на овој SUV кој е 100% Citroën! Овој нов модел е второто најдобро продавано возило на Citroën, веднаш зад C3. Тој е на чело на новата продажна офанзива на брендот, кој во јануари забележа пораст на продажбата во Европа од 19 отсто!

Со својот уникатен дизајн, модуларност, бројни можности за персонализација во комбинација со 12-те системи за помош во возењето, Citroën C3 Aircross ја потврдува својата привлечност и со богатиот микс на продажба, и тоа:
* 60% од нарачките се за највиското ниво на опременост “Shine”
* 40% од нарачките се за некоја од четирите опции за внатрешен амбиент;
* 30% од нарачките се за двобоен покрив и 30% за Пакет боја (во посебна боја се надолжните носачи на покривот, куќиштата на ретровизорите, рамките на фаровите и дизајнот на страничното задно стакло).

Новиот компактен SUV Citroеn C3 Aircross ја освои наградата европски AUTOBEST 2018 и беше прогласен за „Автомобил на годината“ во наградите Аргус 2018 во Франција. Исто така е еден од седумте финалисти за престижните европски награди „Автомобил на годината“ за 2018 година, чии резултати ќе бидат објавени на 5-ти март.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK