Од соработката Toyota – Suzuki се роди ACROSS, нов хибриден SUV наменет за Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Како резултат на соработката со Toyota Motor, европскиот дел на Suzuki објави нова понуда за СУВ на локалниот пазар.

Со козметички измени главно поврзани со изгледот на предниот браник и решетка, новиот додаток на портфолиото на Suzuki се нарекува ACROSS и се јавува како близнак на Toyota RAV4.

Suzuki ACROSS е првиот автомобил, кој Toyota го претставува на Suzuki како резултат на новата соработка меѓу двете компании и таа се очекува да биде лансирана во Европа во текот на оваа есен.

Основен акцент кај Suzuki ACROSS, кој е достапен со модерен систем за погон на четири тркала е неговата plug-in хибридна верзија во која се комбинирани 2,5-литарскиот бензинов мотор, електромоторот и литиум-јонската батерија со капацитет од 18,1 kWh. Системот дозволува избор меѓу четири режими на работа и тоа целосно електричен, автоматски, хибриден и за дополнување.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK