Првите примероци од сериското производство на Aurus Senat ќе излезат во март следната година, изјави Денис Мантуров, министерот за индустрија и трговија на Русија.
Овој автомобил кој е и службен автомобил на Владимир Путин прерасна во вистински хит, па пред некој месец е соопштено дека досега се нарачани нешто над 700 примероци.
Тоа практично значи дека однапред е продадено предвиденото производството кое според капацитетите на фабриката Елабуга ќе биде произведено за две години.
За потсетување, автомобилите од овој бренд се произведуваат од страна на Централниот научноистражувачки автомобилски и автомоторен институт (НАМИ). Планираниот тираж за првата година изнесува 300 возила, а сите модели се опремени со 4.4-литарски V8 мотор со моќност од 600 коњски сили, електричен мотор-генератор и деветстепена автоматска трансмисија.