Од следната Ф1 сезона „safety car“ ќе биде и Aston Martin

ОБЈАВЕНО НА:

Следната сезона во Формула 1 како сејфти кар ќе се користи и Aston Martin. Оваа вест ја соопштија организаторите на најпопуларниот авто-мото спорт.

Кој точно модел од британскиот производител ќе се појави на патеките засега не е познато, но се шпекулира дека тоа е моделот Vantage додека како медициснко возило ќе се користи моделот DBX.

Она што е со сигурност познато е дека овој автомобил ќе се појави само на 12 од вкупно планираните 23 трки. На останатите трки останува да се користи Mercedes-Benz.

Токму германскиот производител е логистичка поддршка на Формула 1 трките уште од 1996 година па останува непознато зошто Aston Martin ќе се користи само на дел од трките.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK