понеделник, 25 декември, 2025 година

Од што најмногу се плашат возачите?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Големо истражување направено во Велика Британија утврдени се неколку работи од кои возачите најмногу стравуваат. Истражувањето откри дека непознатите патишта се најголемиот кошмар за нив, а според статистиката човек треба да стравува повеќе од нешто друго.

Истражувањето е спроведено од страна на школа во Велика Британија за возење, Red Driving School и покажа дека 38% од анкетираните сопственици на автомобили се плашат од непознати патишта. На 2. место е стравот од агресивни возачи кои може да бидат сретнати на патот, а така се изјасниле 35% од испитаниците. Околу 17% од возачите од Британија стравуваат од велосипедисти, а само еден процент од пешаци кои можат случајно да излезат пред автомобилот.

- Advertisement -

Интересно е да овие резултати да се споредат со податоците на Министерството за транспорт на Велика Британија, кое вади статистика од реалните закани на патиштата. Од сите несреќи на патиштата на островот, 40% се случуваат во текот на ноќта, а само 9% од испитаниците се плашат да возат во темница. Лошите услови на патот водат до 12,6% од несреќите додека грешките на возачите и опасното се причина за 71% од сообраќајките.

Што прават возачите од Британија за да се смират, ако се нервираат за време на возењето? Одговорите на 25% од анкетираните велат дека пуштаат музика, а 18% сосема спротивно ја исклучуваат. Малку луѓе признаваат дека користат длабоко дишење, спреј за нос и други традиционални методи за релаксација, а 10% едноставно ја прифаќаат својата смиреност здраво за готово без да се обидат да ја потиснат.

Јан Мекинтош, кој е извршен директор на Red Driving School, ги советува возачите, кои првпат тргнуваат да возат по непознат пат да го проучат пред поаѓање и да проценат дали да тргнат по него или да користат друга поразлична маршрута.

Ако човек чувствува дека има напад на паника тогаш не е добро да посега по чаша со кафе и место тоа е подобро да направи вежби за дишење, да го отвори прозорецот и да се обиде да се опушти за да може да се фокусира на возењето.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја