Од седум краш тестирања на Euro NCAP – само две возила добија „четворки“ (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Во изминатите неколку недели седум нови автомобили беа тестирани за безбедност од независната организација Euro NCAP. Меѓу најдобрите оценки, пет ѕвезди добија Alfa Romeo Tonale, Kia Sportage и електричниот Cupra Born, Mercedes T-Class и Citan Tourer.
Малиот автомобил Aygo X на Toyota и целосно електричниот i4 на BMW добија по четири ѕвезди.

Tonale, првиот целосно нов модел на Alfa Romeo по Stelvio во 2016 година, ги исполнува сите барања за оценка со 5 ѕвезди и покрај недостатокот на централни воздушни перничиња и се покажа како сигурен партнер во директен судир. Генерално, овој SUV има добри резултати на тестовите за избегнување судири меѓу возила во сообраќајот и нуди асистент за внимание што може да ја открие поспаноста на возачот.

Kia Sportage ја дели платформата со Hyundai Tucson кој доби 5 ѕвезди и беше тестирана уште во 2021 година. Тој е исто толку добро опремен, се покажа подеднакво добра на тестирањата и исто така добива пет ѕвездички. Истото важи и за Cupra Born, поспортската алтернатива на VW Group на ID.3.

Во сегментот на комбиња, Mercedes го нуди Citan Tourer и неговата поголема верзија T-Class. И двете ја делат платформата Renault Kangoo, но се подобро опремени, како што е новото централно воздушно перниче за дополнителна заштита од страничен удар и моќни активни безбедносни карактеристики.

Toyota Aygo X е најновото дополнување на сегмент на супермини. Малиот урбан кросовер има добри перформанси во целина, но жртвува некои понапредни безбедносни системи за поприфатлива цена, што резултира со оценка со 4 ѕвезди.

Конечно, целосно електричниот компакт автомобил i4 на BMW покажува дека луксузот не секогаш е еднаков на подобра безбедност. Опремен со сензори слични на оние од Серијата 3, тестирани во 2019 година, е-седан пропушти неколку критични точки кога станува збор за избегнување несреќа и постигна рејтинг од само 4 ѕвезди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK