Доколку за празниците патувате во Србија треба да знаете дека патарината од 7 јануари во таа земја е поскапа за 10 отсто. Новите цени ќе се применуваат од 7 јануари наутро.
Така наместо досегашните 730 динари за користење на автопатот од Ниш до Белград сега ќе се плаќаат 800 динари.
Пред Нова Година почнува со работа новата рампа кај Прешево за која ќе се плаќаат дополнителни 70 динари, и наместо досегашните 920 ќе треба за користење на автопатот да платите 990 динари. Србија има пуштено во употреба пат долг 22 километри и сега ќе наплаќа за негово користење, и тоа кај Прешево. Цената за автомобили ќе биде 70 динари, а за камиони 440 динари.