Oд PlayStation до реалност: Електрично Audi e-tron Vision Gran Turismo

ОБЈАВЕНО НА:

Концептот e-tron Vision Gran Turismo, изработен првично за виртуелните трки на PlayStation 4, ќе добие свое издание и во реалниот свет, а ова е веќе потврдено и од страна на Audi.

Своето деби овој автомобил се очекува да го направи на 14 април под формата на безбедносно возило за време на електричниот шампионат во Formula E на FIA во Рим. Гостите ќе имаат можност да се повозат со ова возило.

Audi e-tron Vision Gran Turismo ќе дебитира со три електромотори. Од нив два се грижат за придвижување на задните тркала, додека еден е за предните. Секој од моторите има моќност од 200 kWt, а вкупната моќност на електромобилот достига 815 коњски сили. Тежината е 1450 килограми, а возилот забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 2,5 секунди.

Од Audi велат дека во текот на оваа година e-tron Vision Gran Turismo ќе биде користено за секој од стартовите на европските трки во Formula E, како и во на неколку од другите континенти.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK