сабота, 25 декември, 2025 година

Од ноќеска нова цена: Дизелот се намалува за два, а бензините за три денари

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Регулаторната комисја за енергетика на Македонија ги одреди максималните малопродажни цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, каде е утврдено намалување во просек за 4,8% во однос н апртходната недела.

Според тоа од ноќеска малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит.

- Advertisement -

Mалопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит. Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00
ден/лит.

Mалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,982 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,361 ден/кг.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја