Од Лондон до Њујорк за два часа: Boeing работи на авион кој ќе лета со 6.000 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот авијациски гигант Boeing сака да направи ултразвучен патнички авион, кој би можел да го помине растојанието меѓу Лондон и Њујорк за само два часа. Од компанијата велат дека работат на концептот за прототипот, кој ќе развива максимална брзина од околу 6.000 км/ч или петпати побрзо од брзината на звукот.

Од компанијата велат дека засега сето ова е само теорија и дека можат да минат децениии пред ваков авион да стане факт. Сепак, Boeing работи сериозно на концептот за ултразвучен патнички авион и веќе неколку децении се вршат одделни тестови за потенцијалните можности.

На почетокот на оваа година Boeing го претстави проектот за автономен хиперзвучен дрон, кој може да биде користен од армијата. Концепцијата на патничкиот авион веќеројатно прво ќе биде испитана во армијата, а дури потоа ќе може да навлезе во патничкиот транспорт.

Ако Boeing успее да создае ултразвучен патнички авион, тој ќе се движи двапати побрзо од легендарниот француски суперзвучен авион Конкорд. Тој ја минуваше релацијата од Лондон до Њујорк за помалку од четири часа.

Брзината ќе биде поголема дури и од рекордот на разузнавачкиот американски авион Lockheed SR-71, со кој во 1976 година беше поставен рекорд за лет со лица на бордот од 3.500 км/ч.

Boeing не е единствената компанија, која се натпреварува со брзината. Има и други компании како Lockheed Martin и Aerion Corporation – кои исто така работат на концепција за суперсонични авиони.

Дури има најава и од Елон Маск со неговата компанија SpaceX дека ќе се вклучи во натпреварот. Минатата недела тој најави дека ќе создаде технологија со која ќе се превезуваат патници од Њујорк до Шангај за само пола час.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK