Еден Германец пред 30 години купил Audi100 и оттогаш педантно води дневник во кој ги запишува сите трошоци кои во овој период ги имал за одржување на возилото.
Тој успеал да ги зачува сите сметки за бензин, различни услуги и од купувањето на резервни делови. Сега прави калкулација со потрошените средства, а ја вклучува и сумата за купување на возилото, но и за ремонт на возилото.
Денес ова Audi има поминато 430.000 километри, а тоа не е така многу за германско возило старо 32 години. Во овој период автомобилот нема претрпено поголема штета, а за 32 години тој потрошил вкупно 110.000 евра.