Од деца биле вљубени во “фиќо„ – ја создадоа најнесекојдневната колекција (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Иако одамна не се произведува, сепак, популарниот модел на Fiat и понатаму искрено се сака. Тоа ќе ви го кажат сите вљубеници во овој мал автомобил, кој своевремено беше гордост на поранешна Југославија.

Произведен во Крагуевац тој беше омиленото превозно средство на многу семејства, а браќата Његош и Будимир Трмчиќ од селето Јежевиќ кај Чачак од мали нозе се вљубени во „фичото“ и затоа кај нив во гаражата може да се видат ретки примероци.

„Пораснавме во комбито на ‘фиќото’. Татко ни секаде не возеше, а ние си игравме во него и тоа се нашите најубави спомени од детството. Така се роди и нашата искрена љубов кон овие автомобили. Татко ни потоа го продаде комбито, и кај нас остана голема жал. Штом пораснавме посакавме да имаме свое ‘фиќо’. Ги сакаме бидејќи се едностави, добро направени, лесно се поправаат и средуваат. Механиката е чудо“, вели Његош.

Долго трагале, но никој не ги продавал возилата. Само по некој пензионер уште ги возел, а другите веќе биле продадениза старо железо пред Трмчиќ да дојдат до нив. Сепак, кој чека тој и дочека, па тоа се покажало и во овој случај.

„Мислевме дека е пред пропаѓање, но кога дојдовме да го видиме успевме да погледнеме фичо во одлична состојба, дури и во возна состојба.  Дедото во чија сопственост беше го имал купено во 1977 година и тој е единствениот сопственик. ‘Фичото’ го чувал како очите во главата. Не го возел по дожд, никого не сакал да вози позади. Ние го дотеравме дома, го исполиравме и кај нас зазема посебно место. Исто го чуваме како и тој дедо и не го возиме никаде по дождбидејќи сакаме неговиот труд кој траеше четири  децении да не биде залуден“, велат Трмчиќ.

После овој првиот, како што вели Његош, потрагата тргнала на подобро, па набрзо успеале да набават и други автомобили кои сега се наоѓаат во нивната гаража.

„Каде и да одиме, прашуваме дали има некое фичо. Второто случајно го најдовме во Зрењанин, а потоа успеавме да купиме и четири возила во едно село кај Владички Хан. Не ни беше тешко да одиме дотаму. Нашата потрага продолжува иако сопругите се бунат поради толку возила во дворот. Сепак, не се откажуваме од нашето хоби“, коментира Његош.

Овие возила од домот на Трмчиќ често одат на бројни изложби на возилата „Фиќо“ низ Србија, но ако врне тогаш не се возат за да не покиснат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK