Од август казните за сообраќајни прекршоци во Хрватска се зголемуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Од први август годинава казните за сообраќајни прекршоци во Хрватска значително се зголемуваат, пренесуваат хрватските медиуми. Казните најмногу се покачуваат за групата на најтешки сообраќајни прекршоци. Така казните што досега беа од 5 до 15 илјади куни како што е досега, од 1 август истите ќе се движат од 10 до 20 илјади куни.

Од 500 на 1.000 куни се зголемува казната за некористење на сигурносен појас како и непрописен превоз на деца. Користењето на мобилен телефон за време на возење ќе се казнува за 1.000 куни.

Од хрватската полиција порачуваат дека нивната цел не е репресија туку едноставно генерална превенција и зголемување на сигурноста на сите актери во сообраќајот.

Земајќи ги во предвид овие покачувања, доколку во наредниот период патувате на летување во оваа земја или пак ја користите истата како транзитна потребно е да биде навистина многу вниматели со цел да не си го оштетите сопствениот буџет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK