среда, 25 декември, 2025 година

Од 8 мај почнуваат нарачките за електричниот хечбек на Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Компанијата Volkswagen планира да го претстави својот електричен хечбек во Европа во 2020 година, а засега неговото име е I. D. Иако планот е да дојде до претставување следната година, сепакм веќе се подготвува терен за почеток на нарачки, а првите би требало да бидат примени после 8 мај.

Електромобилот ќе биде со димензии на VW Golf. Почетокот на примањето на порачките за новиот модел беше потврдено и од член на бордот на директори на Volkswagen, Јирген Шакман. Тој појасни дека тоа го прават поради нетрпеливите, кои сакаат да си обезбедат едно од првите возила, а заедно со нарачката ќе треба и да депонираат одредена сума на пари.

- Advertisement -

„Мислам дека првата производствена серија на хечбекот I.D. ќе биде целосно распродадена пред премиерата на моделот на саемот во Франкуфрт во текот на есента. Нашите дилери добиваат охрабрувачки сигнали односно клиентите веќе го покажуваат големиот интерес за електричниот модел“, вели Шакман.

Претпоставките се дека цената на I.D. ќе биде малку под 30.000 евра, а ова е почеток на уште една многу важна формула за електричните автомобили дека цените треба да бидат пропорционални со оние на дизел возилата.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја