недела, 25 декември, 2025 година

Од 2030 во Холандија сѐ ќе биде на струја

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Новата холандска влада објави дека одлучила сите нови автомобили што се продаваат во земјата по 2030 година да мора да имаат нула емисија на штетни гасови. Ова во пракса значи дека Холандија ќе се приклучи на листата на земји што ќе ги забранат автомобилите на дизел и бензин во следните години, објавува Арс Техника.

Коалициски кабинет, составен по над 200 дена преговори, се согласи за поагресивни цели за намалување на штетните емисии во целина – 49% намалување на емисиите на CO2 во земјата до 2030 година во споредба со нивото од 1990 година, пишува весникот.

- Advertisement -

Холандија не е првата земја која го забранува користењето на фосилните горива. Франција соопшти дека сака да ја забрани продажбата на бензински и дизел автомобили до 2040 година, а Кина и Велика Британија следеа слични планови, иако Кина сé уште не ги објави рокови.

Холандија, слично на Франција, исто така, повика на затворање на сите термо централи на јаглен во земјата до 2030 година и за поширока употреба на зафаќање и складирање на јаглерод диоксид (CCS – caption carbon storage), за да се постигне своите цели за намалување на Емисија на CO2 за 49%.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја