понеделник, 25 декември, 2025 година

Од 2022 година: Новите автомобили мораат да имаат детектор за алкохол

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Производителите на автомобили нема да можат да штедат од системи за помош на возачи, а клиентите соодветно ќе плаќаат повеќе при купувањето на нови автомобили од 2022 година. Тоа станува факт откако Европскиот парламент ги задолжи сите производители да ги продаваат автомобилите во Европската унија, за да ги опреми со 30 системи и функции.

Меѓу нив има имобилизатор, кој проверува дали возачот употребил алкохол, како и сензор за надгледување на состојбата на човекот зад воланот. Покрај тоа сите нови автомобили на територијата на Европската унија треба да имаат адаптивен круз-контрол, камери за рикверц, сензори за паркирање и регистратор за инциденти, нешто слично како црната кутија кај авионите.

- Advertisement -

Новите правила исто така ќе бидат задолжителни и за производителите на камионите. Тие ќе треба да бидат опремени со систем за помош при вртење и систем за откривање на пречки во слепите зони. Исто така на дизајнерите им се забранува поставување на елементи кои ја ограничуваат видливоста, а производителите ќе треба да ги опремуваат превозните средства со сензори кои ќе го отчитуваат притисокот во гумите.

Според податоците на Европската комисија, во 2018 година на патиштата во Европа загинале околу 25.100 лица. Затоа властите во Брисел побараа во автомобилите да бидат поставени нови технологии и системи. Тие би требало да спасат 25.000 лица од смрт и 140.000 од сериозни повреди до 2038 година.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја