Европската Комисија при ЕУ донесе одлука според која сите гуми кои ќе се произведуваат и продаваат на територијата на земјите од Европската Унија ќе мора да поседуваат сертификат.
Станува збор за сертификат на кој е прикажана потрошувачката на гориво, но и перформансот на гумата и звучноста.
Целта на оваа мерка е купувачите при купување на гумите да бидат запознаени со овие податоци, а од ЕК (Европската Комисија) се надеваат дека со воведување на оваа мерка купувачите ќе ги одбираат најштедливите гуми.
Оваа мерка на сила стапува од 1 јануари 2021 година.