Од 2020 година сите модели на Jaguar Land Rover ќе бидат електрифицирани

ОБЈАВЕНО НА:

Jaguar Land Rover објави дека од 2020 година целото портфолио на компанијата ќе биде електрифицирано. Од компанијата велат дека автомобилите на двете марки ќе располагаат со електрични погонски систем, од трите главни видови познати во моментот на пазарот: хибриди, плаг-ин хибрид или целосно електричен.

“Од 2020 година, секој нов модел на Jaguar Land Rover ќе биде електрифицирани, и на тој начин ќе им дадеме на нашите клиенти уште поголем избор”, коментира Ралф Спиј, извршен директор на компанијата.
“Ќе претставиме портфолио на електрифицирани производи во целата своја гама на модели, што ќе покрива целосно електрични, плаг-ин хибридни и полу хибридни автомобили. Нашиот прв целосно спортски СУВ – Jaguar I-PACE, ќе биде достапен следната година “, додаде тој.

Концептуалната верзија на првиот електромобил на Jaguar, наречен I-PACE Concept, кој ја освои наградата за најдобар концептен автомобил на 2017 годината, ветува автономија од над 500 километри и е во состојба да се забрза од 0 до 100 км/ч. за околу 4 секунди. Моделот е со погон на сите тркала, што е постигнато со помош на електричните мотори и вкупната моќност е 400 КС, а вртежниот момент достигнува 700 Nm.

Батеријата на I-PACE Concept е литиум-јонска со 90kWh, сопствена развој на Jaguar Land Rover, и нуди и можност за брзо полнење, при што целосно полење се постигнува за малку повеќе од 2 часа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK