Од 10-те најопасни патишта во Европа – 6 се на Балканот

ОБЈАВЕНО НА:

На листата на 10-те најопасни патни региони во Европа, друи 6 се наоѓаат на Балканот. Од нив дури 4 се во соседни земји на Македонија, односно во Бугарија и Грција. Плус уште две во Романија.

Патиштата во Европа се меѓу најбезбедните во светот и генерално стануваат уште побезбедни со текот на времето. Во ЕУ целат кон тоа да се има патишта со што е можно помалку сообраќајки, и уште поважно со што е можно помалку инциденти со трагични последици. Според последните информации и статистики на Еуростат, во 2018 година имало 23.418 сообраќајки со фатални последици во ЕУ. Вкупниот број на несреќи на патиштата е 1,23 милиони.

Просекот на ЕУ во однос на бројот на сообраќајки со фатални последици е 52 на милион жители. Но, во некои региони овој просек е поголем дури за трипати, односно има над 150 загинати на милион жители.

На листата на 10-те најопасни патни региони во Европа, друи 6 се наоѓаат на Балканот. Од нив дури 4 се во соседни земји на Македонија, односно во Бугарија и Грција. Плус уште две во Романија.

Најопасни се патиштата на Родос (Нотио Аигио), Грција каде има 161 загинат на милион жители, потоа следуваат Алентехо (Португалија) и полскиот Мазовиецки регионални, со 142 загинати и 127 загинати.

Во Бугарија има дури три патни региони каде е опасно да се вози, и треба многу внимавање. Тоа се: Северозападен (114 загинати), Југоисточен (109) и Североисточен (108 загинати). Во Романија има два региони: Западен (114) и Југоисточен (111 загинати).

Во периодот од 2008 до 2018 година во над 90 отсто од патиштата е намалена смртноста по региони. Најголемо намалување на смртноста имало во Тесалија (Грција) со над 74 отсто намалување, Оверн во Франција (-68 отсто) и Ла Риоха, Шпанија (-66 отсто).
Но има и региони каде е зголемена смртноста, и тоа во 12 региони во ЕУ. Најголем процент на зголемување има во Италија: во Лигуриа на север (+45 отсто) и Басиликата на југ (+ 32 отсто).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK