Во декември 2017 година се појави најекстремниот автомобил во целата историја на легендарниот бренд McLaren, а потоа компанијата ги објави првите детали за моделот Senna, кој дебитираше на саемот во Женева во минатата година.
Со основна цена од 750.000 англиски фунти и лимитиран тираж од 500 примероци, McLaren Senna прерасна во сон на поголем дел од платежно способните клиенти, а распределбата на возилата стана доста комплицирана операција. Во крајна сметка тиражот на Senna беше распродаден одамна, па другите обични смртници можат само да се радуваат на видеа од возилото.
Автомобилот е со тежина од само 1198 килограми. McLaren Senna е најлесниот и екстремен автомобил на брендот, кој има право да се движи слободно по патиштата низ светот. Ќе има четири литарски V8 мотор, кој е со моќност од 800 коњски сили и максимален вртежен момент од 800 Нм.
Пред неколку дена, McLaren најави уште поекстремна верзија на Senna- а тоа е тркачкиот Senna GTR, од кој ќе бидат изработени само 75 примероци. Секој ќе чини минимум 1,1 милиони фунти.