Octavia RS со најсилна верзија досега

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda продолжува околу подобрувањето на перормансите на Octavia RS, a сега претставиј ауште една нова верзија на нивниот „тркачки“ модел, кој се промовира како најмоќен досега.

Базиран на подновената Octavia што беше прикажана пред неколку недели, последната генерација на RS моделот има 2,0 литарски турбо четири-цилиндричен мотор.
Бензинската верзија сега има 230 КС, додека дизелската – 184 КС. Побрзата верзија до 100 км/ч забрзува за 6,7 секунди, а онаа „послабата“ која истовремено е и економична – за 7,9 секунди.

Новата RS исто така ќе профитира од сите други подобрувања што се направени кај базичниот модел на Octavia; вклучувајќи го и новиот преден дел каде има адаптивни ЛЕД светла. Моделот кој има повеќе сила има и поспортски изглед. Каросеријата е за 15 мм поблиску до подлогата, има 30 мм поширока трага на тркалата и може да се избира меѓу 17 и 19 инчни тркала.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK