Обновениот Nissan Kicks претставен во Јапонија

ОБЈАВЕНО НА:

Уште еден новитет доаѓа овој месец – Nissan официјално го претстави подновениот модел Kicks наменет за глобалниот пазар откако претходно го претстави и во Тајланд со одредени помали измени.

Станува збор за субкомпактен кросовер кој јапонскиот производител во понудата го воведе во 2016 година. Сега, четири години по премиерата доаѓа првата рестилизација.

Најголемата измена доаѓа во предниот дел. Тука е новата форма на LED светлата како и новата предна маска како и обновениот браник. На задниот дел нема многу измени. Исклучок е браникот. Во внатрешноста може да се примети дека доаѓа со нов управувач како и редизајнирана ценрална конзола.

Nissan Kicks

Димензионално, овој модел останува ист. Должината изнесува 4.295 мм, ширината 1.760 мм додека пак висината 1.590 мм.

Измена нема и во однос на мотористиката. Тука е основниот 1,6 литарски бензински мотор како и 1,5 литарскиот кој е наменет за кинскиот пазар. Хибридната верзија располага со 1,2 литарски бензински мотор додека во понудата останува и електричната верзија со два електрични мотори кои продуцираат 129 КС.

Nissan Kicks

Во продажба официјално стартува на почетокот на јули, а до крајот на годината достапен ќе биде и на останатите пазари во Јужна Америка и Азија. Како што беше најавено и претходно, овој модел нема да биде дел од европската понуда на Nissan.

Nissan Kicks

Моделот Kicks генерира одлична продажба. Минатата година е продаден во нешто над 200 илјади примероци, а најголем пазар е бразилскиот каде од 2016 заклучно минатата година продадени се 200 илјади примероци.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK