Обновениот Hyundai i30 доаѓа во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на саемската премиера закажана за на саемот во Женева во март годинава, јужнокорејскиот производител Hyundai ја претстави обновената i30.

Она што е забележително на прв поглед се новите предни светка како и изменетата предна маска. Тука е и модификацијата на предниот браник.

Како новитет доаѓаат и новите 16 и 17 инчни алуминиумски фелни додека во внатрешнста е подновената дигитална инструментална табла, новиот мултимедијален систем со 10,25 инчен екрн осетлив на допир како и новите верзии на Android Auto и Apple CarPlay.

Hyundai i30

Изборот на купувачите е збогатен и со три нови бои: Dark Knight, Silky Bronze и Sunset Red.

Во производство доаѓа оваа година, а повеќе информации ќе бидат објавени на премиерата на саемот во Женева.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK