Обновената Mercedes E-Class пристигна во салонот на Мак Аутостар

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најважните модели на Mercedes-Benz, E-Class, доби своја update верзија, која не е само обичен facelift, туку ги доби сите оние новини, кои овозможуваат и натаму лидерска позиција во овој сегмент.

Со повеќе од 14 милиони продадени возила, почнувајќи од 1946 година, моделот E-Class е најдобро продаваниот модел на сите времиња во Mercedes-Benz. Се смета за модел кој е „срцето“ на брендот.

Во 2016 година, се појави 10-та генерација на E-Class, со мноштво технолошки иновации, како на пример, пакетот на помошни системи вклучително и полусамостојното возење, со што се најави ерата на дигитализацијата. Успешноста на овој модел може да се заклучи и од досега продадените 1,2 милиони возила.

Направените промени се веднаш воочливи кај надворешниот дизајн, со што е зголемено чувството на динамичност. Уште на почетно ниво на опременост, достапен е спортскиот пакет, Avantgarde, дизајнирана е нова предна маска со повеќе хромирани детали, потоа нови предна светла, а како стандардна опција се целосни LED светла. MULTIBEAM LED предните светла, како и ULTRA RANGE долгите светла, се достапни како опција.

Темелна промена е направена во задниот дел, каде може да се забележат сосема нови светла и изглед на багажникот.

Во внатрешноста се направени неколку промени, но најзабележителен е новиот управувач, со контроли на допир, потоа 2 големи екрани со големина од 10,25 инчи како стандард.

Достапна е најновата генерација на MBUX системот за гласовна контрола на функциите во возилото, како и ENERGIZING comfort функцијата, преку која може да се регулираат температура во возилото, музика, амбиентално осветлување, греење на седишта и програмите за масажа. Овој систем има опција да го учи начинот на живеење на возачот и според неговите потреби да му препорача опција за уживање во возилото.

Што се однесува до помошните системи за возење, кај E-Class се достапни најновите функции, како што се:

  • Active Distance Assist DISTRONIC, со регулирање на брзината при движење по рута, односно доколку системот детектира бавно движење на сообраќајот уште пред да реагира возачот, се намалува брзината на движење на околу 100 км/час како мерка на претпазливост.
  • Active Tailback Assist, при движење во колона на автопат, системот може автоматски да ја одржува брзината на движење и безбедно растојание до 60 км/час
  • Active Brake Assist со cross-traffic функција, доколку постои опасност од судир при нагло вртење, возилото автоматски застанува
  • Active Blind Spot Assist со предупредување при излез на други учесници во сообраќајот, како што се лица кои управуваат велосипеди или мопеди

Исто така, на располагање се и нови мотори.

Дизелски мотори

   
Мотор E 220 d

 

OM 654 in-line/4

E 220 d 4MATIC

 

OM 654 in-line/4

E 400 d 4MATIC

 

OM 656 in-line/6

ЗафатнинаСм3195019502939
МоќностkW/кс143/194143/194243/330
При број на вртежиВртежи на мотор380038003600-4200
Макс. вртежен моментNm400400700
приВртежи на мотор1600-28001600-28001200-3200
Комбинирана потрошувачка на гориволитри/100 км4.9-4.7

(5.1-4.9)

5.4-5.1

(5.7-5.3)

[5.9-5.8]

6.4-6.1

(6.6-6.3)

[6.7-6.6]

Комбинирана CO2 емисијаg/км130-123

(135-128)

141-134

(149-140)

[156-153]

168-161

(174-166)

[177-174]

Ззабрзување 0-100 км/чассекунди7.3

(7.7)

7.5

(7.8)

[8.0]

4.9

(5.1)

[5.4]

Макс. брзинакм/час240

(235)

239

(233)

[231]

250

(250)

[250]

 

Бензински мотори

     
Мотор 

 

E 200

 

M 264 in-line/4

E 200 4MATIC

 

M 264 in-line/4

E 300

 

 

M 264 in-line 4

E 450 4MATIC

 

M 256 in-line/6

E 53 4MATIC+

 

M 256 in-line/6

ЗафатнинаСм319911991199129992999
МоќностkW/кс145/197145/197190/258270/367320/435
приВртежи на мотор5500-61005500-61005500-61005500-61005500-6100
ЕлектрификацијаISG/RSG3 RSGRSGRSGISGISG
Дополнителна моќност со EQ BoostkW/кс10/1410/1410/1416/2216/22
Макс. вртежен моментNm320320370500520
приВртежи на мотор1650-40001650-40001650-40001600-40001800-5800
Дополнителен вртежен момент со EQ BoostNm160160160250250
Комбинирана потрошувачка на гориво1 l/100 км6.9-6.6

(7.3-6.9)

7.3-7.0

(7.6-7.2)

7.1-6.6

(7.3-6.9)

8.3-7.9

(8.7-8.1)

[8.6-8.5]

8.8-8.5

(9.0-8.7)

Комбинирана CO2 емисијаg/км158-151

(168-158)

168-159

(175-166)

162-151

(168-158)

189-181

(198-187)

[197-194]

200-194

(207-200)

Забрзување 0-100 км/чассекунди7.5

(7.8)

7.6

(7.9)

6.2

(6.3)

5.0

(5.2)

[5.4]

4.5

(4.6)

Макс. брзинакм/час240

231

232

(225)

250

(250)

250

(250)

[250]

2504

(2504)

 

Plug-in Hybrid

   
Мотор E 300 e 4MATIC

 

M 274 in-line/4

E 300 de

 

OM 654 in-line/4

E 300 de 4MATIC

 

OM 654 in-line/4

ЗафатнинаСм3199119501950
Макс. моќност, МВСkW/кс155/211143/194143/194
приВртежи на мотор550038003800
Макс. вртежен момент, МВСNm350400400
приВртежи на мотор1200-40001600-28001600-2800
Моќност, електричен моторkW909090
Вртежен момент, електричен моторNm440440440
Заед.моќностkW/кс235/320225/306225/306
Заед. Вртежен моментNm700700700
забрзување 0-100 км/чассекунди5.85.9 (6.0)5.9 (6.0)
Макс. брзинакм/час245250 (250)235 (230)
Просечна потрочувачкаl/100 км1.91.4 (1.6)1.6 (1.7)
Просечна емисија CO2g/км4438 (42)42 (44)
Просечна потрошувачка на енергијаkWчас/100 км15.915.5 (16.1)16.6 (16.6)
Електричен досег (NEDC)7 км5459 (55)54 (52)
Електричен досег, WLTP8 км46-4950-53

(48-50)

46-49

(45-47)

 

 

Соопштение на Мак Аутостар

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK