Објавени цените за новиот Citroen C4 во Македонија: Со попуст за 15.990 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Уште од декември новиот Citroen C4 пристигна во салонот на Автонова, а сега македонскиот импортер ги објави и сите цени и нивоа на опрема што може да се добијат за новиот француски модел.
Новиот Citroën C4 доаѓа со комплетна палета моќни и ефикасни мотори. Во понуда се бензински мотори PureTech од 100 до 155КС и дизел мотори BlueHDi, 110 и 130КС, во комбинација со 6 степен мануелен, односно 8 степен автоматски менувач.

Новиот C4 ќе се нуди со четири нивоа на опременост: Live Pack, Feel, Feel Pack и Shine. Oд самиот почеток ќе се нуди од 1.500 евра промотивен попуст, па цените почнуваат од 17.490 евра (на што се пресметува 1.500 евра попуст), па се до 26.790 евра за највисоката опрема Shine со дизелски мотор со 130 КС. Засега во ценовникот нема понуда за електричната верзија на Citroen C4.

Интересно е дека во основното ниво на опрема Live Pack има и систем за ненамерно преминување во друга коловозна лента, систем за препознавање на сообраќајните знаци, систем за предупредување од опасност од судар, отвори од клим ауред во во вториот ред седишта…. Многу повеќе од тоа што некои други го нудат во основно ниво.

Citroen C4 нуди нов дизајнерски концепт, хармонична комбиниција на флуидната и префинета линија на хечбек, со изразениот волумен и робустност на SUV, со што се добива уникатен аеродинамичен профил. Со подигнат и наметлив став, преку големите тркала, како да е подготвен за „налет“. Модерниот преден лик, вклучува осветлување со 100% LED светла во два реда и шеврони кои се протегаат по целата ширина на возилото

Опремен со 20 системи за помош во возењето меѓу кои полуавтономниот систем за возење Highway Driver Assist, како и 6 системи на поврзување, како Mirror Screen (компатибилен со Android Auto и Apple CarPlay™) за пресликување на апликациите од паметен телфон на екран на допир. Сите се развиени за подобрување на безбедноста при возење, поврзување и нагласување на комфорот во патничката кабина, а во насока на автономо возење.

Повеќе детали за моделот
Ценовник

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK