Откако во Женева годинава ја имаше својата премиера и веднаш стана вистинска ѕвезда, на интернет се појавија и првите официјални цени за новата генерација на Peugeot 508.
Овој последен модел на Peugeot ќе биде достапен во 9 дизелски и 5 бензински изведби, а почетната цена во Франција ќе започнува од 32.300 евра. Со оваа цена добивате дизелски агрегат со основно ниво на опременост т.е. Active, а за основниот модел со повисоко ниво на опрема потребно е да доплатите 2.800 евра. Најскапата дизелска изведба чини 49.950 евра со што добивате 2.0 литарски мотор со 177 КС и највисоко ниво на опрема.
Цената на бензинската изведба започнува од 34.600 евра со 1.6 cc додека најскапата изведба со бензински мотор чини 48.750 евра со што добивата и највисоко ниво на опременост.
Втората генерација на Peugeot 508 веќе е достапна во Франција, а наредниот период и официјално ќе биде претставена и на повеќето европски пазари.