Почетната цена со бензински мотор и најосновно Live ниво на опременост е 20.900 евра што е многу над очекувањата
Францускиот производител Citroen ги објави цените за новата генерација на моделот C4 како и за електричната изведба e-C4.
Во понудата во Франција, моделот C4 е достапен со 11 варијации со бензински мотор, 8 варијации со дизелски мотор и четири со електромотор.
Почетната цена со бензински мотор и најосновно Live ниво на опременост е 20.900 евра што е многу над очекувањата од претходно кога се претпоставуваше дека почетната цена ќе изнесува околу 16 илјади евра. Од друга страна, PureTech 155 EAT8 Shine Pack верзијата со највисоко ниво на опременост изнесува 31.750 евра.
Што се однесува до дизелските верзии, најевтината изнесува 28.700 евра додека најскапата, со највисоко ниво на опременост изнесува 32.200 евра.
Цените на верзиите со електро мотор и најосновно ниво на опременост почнуваат од 35.600 евра додека со највисоко ниво на опременост 38.800 евра. Сите овие доаѓаат со ист мотор кој продуцира 136 КС, но со разлики во нивото на опременост. Токму и оттука и малата разлика помеѓу цените.