Објавени првите фотографии за електричната Dacia – изгледа интересно

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку недели откако беше потврдено доаѓањето на првото електрично возило на Dacia, на интернет премиерно се претставени и првите официјални фотографии од ова возило.

Од фотографиите не може да се види целосниот изглед, но може да се заклучи дека новиот модел доаѓа со доста стилски детали што го прави доста интересен.

Dacia, освен сликите не даде никаков дополнителен опис, па оттука се појави простор за нови шпекулации до денот на премиерата.

Dacia EV

Така се појавија информации дека станува збор за ребрендиран Renault Twingo со кого романскиот производител, а со тоа и Renault Групацијата ќе конкурира на конкурентите од Volkswagen Групацијата (Seat Mii, VW Up, Skoda Citigo).

Според друга шпекулација, електричната Dacia практично ќе биде европска верзија на постоечкиот модел Renault City K-ZE кој се продава на кинескиот пазар. Во тој случај, фабриката од Романија би морала да усоврши одредени модификации за да може автомобилот да ги задоволи строгите европски стандарди.

Dacia EV

Воедно, со овој нов модел ќе биде понудено и евтино електрично возило. Се претпоставува дека цената ќе биде околу 13 илјади евра. Во производство, а со тоа и продажба доаѓа кон крајот на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK