Шест возила влегоа во финалниот избор за наградата Autobest. Citroen C3 Aircross, Ford Fiesta, Honda Civic, Opel Grandland X, SEAT Ibiza и Volkswagen T-Roc ќе се борат за европскиот AUTOBEST 2018. Овие автомобили ќе се натпреваруваат за титулата Best Buy Car of Europe in 2018, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена. Жирито составено од 31 член ќе ја донесе својата финална одлука и ќе гласа во наредниве неколку недели, а победникот ќе биде прогласен на 15 декември.
„Овие шест извонредни автомобили годинава ги убедија членовите на жирито да ги номинираат во финалето. Значи, имаме шест финалисти за Best Buy Car of Europe in 2018“, рече Дан Варди, основач и претседател на AUTOBEST организација. Во согласност со правилата на AUTOBEST, жирито може да одлучи колку финалисти ќе има секоја година.
На 29 и 30 ноември, европското AUTOBEST жири ќе се собере на патеката Ваирано покрај Милано, Италија, за Final 6 тестирањата.