Објавена уредбата за новиот данок: Еве за колку ќе поскапат новите возила во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

На седницата одржана пред Нова година, Владата на Македонија ја донесе Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила врз основа на критериумите утврдени во Законот за данок на моторни возила. Тој важи веќе од утре, 2 јануари и истиот е веќе објавен во Служен Весник на Македонија.

Се укинуваат досегашните акцизи и истите се заменуваат со овој нов данок. Со оваа уредба, како и со критериумите утврдени во Законот за данок на моторни возила се очекуваат големи придобивки за целото општество преку намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, преку обнова на возниот парк со поттикнување на купување на поеколошки возила како резултат на намалување на данок на возила со голема економичност на гориво, како и набавка на хибридни и електрични возила со ниска или “0“ емисија на јаглерод диоксид – CO 2.

Само две категории на возила нема да бидат опфатени со новиот данок, оние чија продажна вредност е до 10.000 евра и испуштаа 0 кг/км Цо2. Сите други ќе бидат оданочени според новиот критериум.
Електричните возила се ослободени од овој данок, за плаг-ин хибридите се плаќаат 50% од пресметаната вредност, додека хибридите го плаќаат во целост.

Примената на новиот закон за данок на моторните возила стартува од 1 јануари 2020 година, со тоа што вредноста на еколошката компонента во 2021 година ќе биде зголемена за 25%, а од 12 јануари 2022 година за 50%.

Едниот критериум е продажната вредност на возилото. Според него во иднина ДДВ ќе се плаќа според следниот критериум.
– за возила до 10.000 евра – 0%
– за возила над 10.000 до 12.000 евра – 1,0%
– за возила над 12.000 до 14.000 евра – 2,0%
– за возила над 14.000 до 16.000 евра – 4,0%
– за возила над 16.000 до 18.000 евра – 6,0%
– за возила над 18.000 до 20.000 евра – 8,0%
– за возила над 20.000 до 23.000 евра – 10,0%
– за возила над 23.000 до 26.000 евра – 12,0%
– за возила над 26.000 до 29.000 евра – 14,0%
– за возила над 29.000 до 32.000 евра – 16,0%
– за возила над 32.000 до 35.000 евра – 17,0%
– за возила над 35.000 до 40.000 евра – 18,0%
– за возила над 40.000 до 50.000 евра – 19,0%
– за возила над 50.000 – 20,0%

Другата компонента, еколошката се пресметува според количината на јаглерод дикосид што се испушта, и истата се множи со коефициент што онапред е утврден. Истиот е различен за бензинските и за дизел агрегати.

– за возила кои емитуваат 0 g/km CO₂ – 0 денари за секој грам
– за возила кои емитуваат над 1 до 50 g/km CO₂ – 5 денари за бензинските и LPG и CNG односно 10 за дизелите за грам
– за возила кои емитуваат над 51 до 75 g/km CO₂ – 10 денари за бензинските и 20 за дизелите за секој грам
– за возила кои емитуваат над 76 до 90 g/km CO₂ – 20 денари за бензинските (40 за дизелите) за секој грам
– за возила кои емитуваат над 91 до 100 g/km CO₂ – 30 денари за бензинските (60 за дизел) за секој грам
– за возила кои емитуваат над 101 до 110 g/km CO₂ – 40 денари (80 за дизел) за секој грам
– за возила кои емитуваат над 111 до 130 g/km CO₂ – 50 (100) денари за секој грам
– за возила кои емитуваат над 131 до 140 g/km CO₂ – 70 (130) денари за секој грам
– за возила кои емитуваат над 141 до 150 g/km CO₂ – 100 (160) денари за секој грам
– за возила кои емитуваат над 151 до 170 g/km CO₂ – 130 (190) денари за секој грам
– за возила кои емитуваат над 171 до 190 g/km CO₂ – 160 (220) денари за секој грам
– за возила кои емитуваат над 191 до 225 g/km CO₂ – 190 (250) денари за секој грам
– за возила кои емитуваат над 226 до 255 g/km CO₂ – 220 (280) денари за секој грам
– за возила кои емитуваат над 256 g/km CO₂ – 250 (320) денари за секој грам

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK