Oбјавен рендер за Peugeot 308 – со еден збор импресивен

ОБЈАВЕНО НА:

Уште од 2013 година моделот 308 на Peugeot не е обновен. Во меѓувреме, сите останати модели ги добија своите нови генерации или рестајлинг изведби. Токму на третата генерација во моментов се работи во Peugeot, а интернет сајтот motor1 објави рендер од можниот изглед.

Од рендерот може да се забележи дизајнерскиот јазик кој е присутен кај 208 и 3008, со доста поагресивен преден лик.

Третата генерација на 308 од претходно е познато дека ќе се темели на EMP2 (Efficient Modular Platform) платформата. Должината на оваа генерација ќе изнесува 4,330 см што претставува 8 см повеќе од актуелната втора генерација. Меѓуоскиното растојание ќе нарасне и ќе изнесува 2,621 см.

Peugeot 308 rendering

Во однос на моторите централно место се очекува да заземе 1.5 литарскиот дизелски BlueHDi мотор. Во понудата ќе бидат и неколку бензински мотори, а во 2021 година се очекува да биде претставена и plug-in хибридната изведба од овој модел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK