Од почетокот на 2017 година, возачите можат да ја загубат возачката дозвола колку го користат мобилниот телефон.
Според новиот предлог закон во В.Британија ова ќе биде казната за оние што ќе го прекршат законот. Владата на В.Британија сака да воведе „нулта толеранција“ за корисење на мобилните телефони за време на возење, и отфрлање на можноста за дополнителни часови и дуплирање на паричната каза од 100 на 200 фунти, но и зголемување на бројот на казнени бодови.
Ваквиот предлог доаѓа три месеци откако четиричлено семејство загинало во сообраќајка од страна на возач на камион кој додека возел го користел својот мобилен телефон.
Премиерот Тереза Мај се заложи дека ќе се обиде користењето на мобилен телефон да биде „општествено неприфатливо“ и има подршка од други пратеници.