Автомобилот Suzuki Jimny, кој е новитет, беше претворен во стилски минијатурен пикап. Малкусериското производство на товарната верзија на СУВ возилото се прави од новозелнадскиот дилер на Suzuki.
Кај верзијата на Suzuki Jimny 2020 од Нов Зеланд задниот дел е отсечен и на нејзинот место е инсталирана товрна платформа со шарки. Капацитетот на товарот на автомобилот е околу 400 килограми.
Пикапот на Suzuki e опремен со стандарден 1.5-литарски мотор со моќност од 102 коњски сили и со петстепен механички менувач.
Цената на минијатурното камионче е 23 илјади долари. Засега се нуди само во најосновната верзија со челични тркала, халогени фавори и клима.