Новото Sandero ќе личи на Golf!

ОБЈАВЕНО НА:

Третата генерација на Dacia Sandero ќе биде поголема и поскапа од претходниците. Тоа го донесуваат медиумите од Франција, а информациите говорат дека бестселерот ќе порасне до размерите на европските хечбек возила од класата на Голф. Тие се долги 4,3 метри, а колку за споредба сегашната Dacia Sandero е долга 4.070мм.

Следната генерација на моделот ќе продолжи да се опремува со бензинови и дизелови мотори, а ќе има и модификација со фабрички плински уред. Во понудата со сигурност ќе се појави и новиот турбомотор 1.3 ТCe, изработен од алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi и концернот Daimler.

Новото Sandero ќе биде поскапе. Основната верзија ќе чини околу 8.000 евра (сегашната верзија чини 6.990 евра). Автомобилот ќе биде изграден на поедноставна верзија на модулната платформа CMF-B.

Останув а да видиме колку ќе може да понуди квалитет, економичност и пред се колку ќе биде прифатено од купувачите.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK