Еден од бестселерите во Европа ќе доживее втора генерација. Станува збор за следната генерација на Renault Captur, кое се очекува да биде поголемо и со повеќе простор.
Во основа на следната генерација ќе се најде новата платформа CMF-B, која меѓу другото се користи и при создавање на новиот Nissan Juke. Таа ќе овозможува опремување на автомобилите и со хибридни погонски мотори.
Новиот Captur во моментов ги прави финалните тестови за што зборуваат и шпионските фотографии направени во Јужна Шпанија. Ако се верува на натписот на петтата врата тогаш може да се претпостави дека станува збор за Clio 5, но зголемениот клиренс го издава сокриеното.
Очекувањата се за нов трицилиндричен агрегат со моќност од 100 коњски сили, како и 1,3 литарски бензинов мотор со две карактеристики за моќност од 130 и 160 коњски сили. Дизел верзијата од 1,5 литри пак ќе се нуди и со моќност од 85 и 115 коњски сили.
Најглавното е тоа што возилото ќе се здобие и со хибридна верзија, а продажбата на Renault Captur е предвидени да почне на почетокот на 2020 година, додека премиерата е закажана за есента во 2019 година.