Спојувањето на FСА и PSА беше придружено со изненадувачка новост дека Fiаt ќе се преориентира од градски мини возила кон субкомпактни модели.
До пред една година италијанскиот бренд беше претставуван во оваа класа од Puntо, но во моментов не располага со слична платформа за таков автомобил, што веднаш предизвика шпекулации за унифицирање со Pеugеоt 208 пo фoрмулaтa со Оpеl Соrsа.
Како би изгледало евентуалното идно Puntо нa француската платформа СMP покажува компјутерската илустрација на Mоtоr 1. Хипотетички таков хечбек би требало да биде позициониран во буџетскиот сегмент и да се најде меѓу бестселекрите како Dасiа Sаndеrо.
Fiаt Puntо беше еден од најпопуларните субкомпактни модели во последните 25 години и успеа да се продаде во над 9 милиони примероци. Постепено симпатичното возило од Италија почна да ја губи инерцијата, а во 2017 година доби сериозен удар на имиџот откако стана првиот автомобил кој доби нула ѕвезди на краш тестовите на Еurо NСАP.