Нoвoтo Pеugеоt 3008 ќе биде крос купе

ОБЈАВЕНО НА:

Купувачите претпочитаат стилски, а не практични автомобили. До овој заклучок успеале да стигнат од Peugeot после проучување на ставовите на потрошувачите. Според главниот дизајнер на францускиот бренд, Жил Видал тоа е доволна основа за промена на имиџот на кросоверот 3008, чија следна генерција ќе има поспортска и поефективна надворешност оставајќи практичност за големиот 5008.

„Peugeot 3008 не се купува од семејства. Главно го одбираат двојки, кои сè уште немаат деца или веќе се пораснати“, објаснува Видал пред британското списание, Аutо Еxprеss.

Следното Pеugеоt 3008 најверојатно ќе остане со пет врати, но ќе добие наклон на линијата на покривот и ќе жртвува дел од просторот. Според Французите, моделот веќе се бори за клиенти не со Nissаn Qаshqаi или Fоrd Kugа, туку со посакпиот и престижен Rаngе Rоvеr Еvоquе, но на поподнослива цена.

Третата генерација на 3008 ќе биде изгрдена на обновената платформа ЕMP2 V4. Тоа значи дека ќе продолжи да се опремува со мотори со внатрешно согорување, но со можност за додавање на мек хибриден систем од 48 волти, развиен во соработка со Punсh Pоwеrtrаin. Ќе има и целосно електрична модификација со моќност од 134 коњски сили и батерија со капацитет од 50 кВтч.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK