Како најстара манифестација од ваков вид „Автомобилот на годината во Македонија“ го избираат уредници/новинари од редакции кои професионално ги следат случувањата во автомобилската индустрија.
„Автомобил на годината во Македонија“ веќе 26 години е единствениот Национален Избор организиран од новинари што ги следат случувањата во автомобилската индустрија, доделувајќи ја наградата на автомобилите што според критериумите на Изборот тоа највеќе го заслужуваат. Тоа е најстарата манифестација од ваков вид во Балканските земји, и што таа традицијата и понатаму ја негуваме.
Независност при изборот на финалисти, транспарентно претставување, гласање според однапред утврдени критериуми, вклучување на финалистите во процесот на гласање, визија, препознавање на вистинскиот квалитет се само дел од причините поради кои Изборот постои веќе 26 години и ја претставува најпрестижната награда за автомобили во Македонија.
Во витрините на досегашните 25 победници главната награда „стилизирана маска на ладилник“ – авторското дело на Валентин Ширилов, гордо стои и потсетува на времето во кое е освоеното тоа признание.
Во Националното Жири за Избор на „Автомобил на годината во Македонијa“ членува и www.24auto.mk и неговиот главен уредник Горан Антевски кој истовремено веќе трета година е на позицијата Претседател.
Светот се менува, се движи напред, се подобрува. Така и автомобилите се менуваат, се трансформираат, се освежуваат, се облагородуваат со нови технологии. Секое време носи свои особености. Традицијата секогаш продолжува да постои и опстојува, да живее и да раскажува за минатото и да биде сведок на сите промени што следуваат.
Во духот на освежувањето и промените кои се случуваат во светот и автомобилската индустрија, Националното Жири за избор на Автомобил на годината во Македонија уште на прославата на 25 годишнината, во декмеври 2019 година најави дека од изборот од 2021 ќе користи нов визуелен идентитет кој ќе претставува континуитет на приказната почната во 1995 година.
Маската и ладилникот се најпрепознатливиот дел на секој автомобил. Токму затоа и „Автомобил на годината“ продолжува со користење на маска на ладилник. Следејќи ги актуелните трендови, наметнати од технолошката револуција која е во тек, Жирито реши да понуди нов визуелен идентитет во кој ќе бидат проткаени богата традиција како и визијата за новите технологии кои очекуваме да преовладуваат во иднина.
Духот на оригиналот кој е авторското дело на Валентин Ширилов провејува и низ новото лого, сега јасно симболизирајќи го напредокот, но и дискретно најавувајќи ги еколошките технологии.
Моделот Citroen C4 ќе биде првиот што ќе ја добие наградата со новата маска на ладилник. Францускиот модел беше избран за „Автомобил на годината во Македонија за 2021„ година во конкуренција на осум финалисти.
Признанија добија и моделите Peugeot 2008 за „СУВ на годината во Македонија“ и Peugeot e-208 за „Електричен автомобил на годината во Македонија“. Признанието за се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија, а годинава го доби Вилјем Хорват.