Новото BMW M5 се најде во Need for Speed No Limits (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

После M3 Coupe (1999), M4 Coupe (2014) и M2 Coupe (2015) и целосно новото М5 веќе е дел од играта Need for Speed No Limits за потреба на мобилните телефони, велат од BMW. Првпат корисниците имаат можност да го изберат луксузниот автомобил.

Возилото BMW M5 располага со 4,4 литарски V8 битурбо мотор со технологија M TwinPower Turbo, која е во состојба да генерира максимална моќност од 600 коњски сили и максимален момент на вртежи од 750 Нм.

Новото BMW M5 забрзува од 0 до 100 км/ч за 3.4 сек., до 200 км/ ч за 11.1 сек, а максималната брзина на движење е електронски ограничена на 250 км/ч (305 км/ч при избор на M Drivers Package).

На располагање се пет различни конфигурации базирани на комбинациите меѓу режимите на DSC (DSC on, MDM, DSC off) и режимите на M xDrive (4WD, 4WD Sport, 2WD). Уште кај основната верзија со вклучен DSC (Динамичка контрола на стабилноста) и 4WD системот дозволува лесно превртување на задните тркала при излегување од свиоците со што допринесува за спортска агилност на новото BMW М5.

При режимот M Dynamic (MDM, 4WD Sport) M xDrive дозволува лесно контролирање на движењето.

https://www.youtube.com/watch?v=MjqCbMrJRzE

Следете не и на:

24AUTO NETWORK