Новото Audi RS 7 Sportback „скока“ до 100 км/ч за 3,6 секунди

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Audi објави дека првите испораки на новото RS 7 Sportback, кое ја имаше својата светска премиера на меѓународниот саем во Франкфурт ќе бидат реализрани во текот на декември годинава, а веќе се примаат првите нарачки на автомобилот кој се продава по основна цена од 121.000 евра на територија на Германија.

Втората генерација на Audi RS 7 Sportback ветува дека ќе им понуди на идните сопственици навистина незаборавно возачко доживување на патот, за што тие се потпираат на импресивната надворешност со должина од нешто над 5 метри и ширина од 1950 мм.

На задниот дел на автомобилот е интегриран спојлер, кој автоматски се преклопува при постигнување на брзина од 100 км на час, а стандардните диодни фарови можат да бидат заменети со HD matrix LED блокови.

По однос на моторот, Audi RS 7 Sportback, кој е опремен со адаптивна воздушна суспензија, доаѓа со четирилитарски TFSI погон, кој генерира максимална моќност од 600 коњски сили и максимален вртежен момент од 800Нм во опсег од 2050 до 4500/мин.

Со негова помош. Спортското купе со четири врати е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 3,6 секунди, а доколку клиентот побара и после купувањето на пакетот dynamic package plus, од брендот ветуваат зголемување на електронски ограничената брзина  од 250 на 305км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK