На својот официјален Фејсбук профил, Aston Martin објави тизер видео од најавуваниот DBX модел. Од видеото не може многу да со ткрие околу изгледот на првиот SUV на британскиот производител, но е сосема доволно да се држат во љубопитност автомобилските фанатици.
Претходно DBX се тестираше во Нирбургринг, Германија каде за прв пат беше објавена и формата на возилото.
Од претходно е познато и дека овој модел под хаубата ќе располаг со 4.0 литарскиот twin-turbo V8 мотор. Токму овој мотор е стандарден во понудата, а подоцна се очекува истата да биде проширена со V12 мотори и со хибридна изведба.
Производството на овој модел ќе се спроведува во новата фабрика во Ст. Етан, а продажбата ќе започне кон крајот на оваа година. Со овој спортски карактер, Aston Martin ќе го нападне премиум SUV сегментот особено Lamborghini Urus и Porsche Cayenne.
Posted by Aston Martin on Friday, June 28, 2019