Ново правило: Нема управување на дрон ако сте пијани

ОБЈАВЕНО НА:

За време на 2017 година во САД од продажбата на дронови биле заработени околу една милијарда долари. Сепак, со оглед на тоа што дроновите се достапни за секого, веќе се создаваат правила.

Во Њу Џерси се размислува да биде воведена забрана за управување на дронови од лица коишто се под дејство на алкохол. Веќе е даден предлог во Собранието и се очекува гласање за истиот, кој доколку биде усвоен може да има сериозни казни за оние што ќе управуваат дрон додека се пијани.

„Дронот практично е како летачки миксер. Не се согласувам со воведување на забрани, но не сум ниту за тоа да дојде до управување на истите од лица во пијана состојба“, вели Џон Саливен, кинематограф од Њујорк.

Во 2015 година, дрон удри во Белата куќа, па оттогаш има спор во ова прашање за управување на беспилотни летала.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK