Бидејќи Volkswagen Golf GTI ќе биде поголем и со помоќен мотор, од Volkswagen објавуваат дека помалиот брат од семејството, следната генерација на Polo GTI ќе добие семеен мотор.
Според Auto Express, следното Polo GTI ќе го има истиот мотор со 197 КС што ги има од 2.0 литарскиот TSI како и петтата генерација на Golf GTI, што ќе му даде повеќе сила во однос на моторот со 189 КС што е сега во Polo GTI, и ист како и новata Ford Fiesta ST што е снабдена со 1.5 литарски мотор. Моторот ќе биде во согласност со сегашната регулатира за емисијата на гасови.
Со новиот мотор, новото Polo GTI ќе биде способно да забрза до 100 км/ч. за помалку од 6 секунди.
Покрај моторот, новиот VW ќе биде поставен на MQB-A0 структура и ќе добие сет на прилагодливи браници, пониско поставена спортска суспензија, и како и порано поагресивен надворешен дизајн.