Ново комбe на УАЗ за експедиција „на крајот на светот“ (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата УАЗ на пазарот исфрли нова верзија на својот познат комби SGR, а во Русија тој е популарно наречен „Буханка“ (Векна), со ознаката „Експедиција“ (SGR Expedition), наменет за „експедиции“ по тешки терени.

Оваа специјална верзија на советското комби UAZ-452, првпат претставен во 1965 година, на рускиот пазар се продава по цена од 975 илјади рубљи односно околу 14.000 евра што го прави најскап во семејството на UAZ SGR автомобили..

Она што најскапата „Векна“ ја разликува од евтините верзии е челичниот багажник на кровот, скалите од задната страна и засилените браници. Предниот има кука за влечење, а задниот држач за резервното тркало. Тука е и макара за извлекување од комплицирани ситуации на тешко проодни терени.

Сета опрема се монтира во фабрика така што не мора посебно да се регистрира. Возилото е досатапно само во две бои: маскирна и портокалова. Овој UAZ е стандардно опремен со гуми BF Goodrich All-Terrainm на челични бандажи со пречник од 16 инчи.

„Буханка“ е придвижувана од бензинскиот Евро 5 мотор со четири цилиндри, со обем од 2,7 литри, кој погонската сила на сите четири тркала ја пренесува преку петстепен мануелен менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK