четврток, 25 декември, 2025 година

Ново истражување на интересна тема: Сакаат ли возачите екрани на допир?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Произведувачите на автомобили сакаат да ги уверат своите клиенти дека мултимедиските екрани чувствителни на допир се најдобрата работа која можела да се случи, но многу од возачите не мислат така. Трупањето на функции на едно место е само шанса да се заштеди односно да се намалат трошоците на производство.

Според репрезентативната анкета на Институтот за истражување на мислењето на YouGov направено во име на платформата за продажба на автомобили mobile.de, германските возачи претпочитаат да се потпираат на класичните копчиња и прекинувачи отколку на екраните чувствителни на допир ина гласовната контрола при управувањето со своите автомобили – иако сигурно ја препознаваат новата технологија.

- Advertisement -

Истражувањето покажува дека многу возачи од Германија сè уште не уживаат во управување со глас или со гестови или со екрани на допир. Во автомобили повеќе сакаат да притискаат типки на стариот начин.

Дури 37 проценти од нив повеќе преферираат типки. Уште 22 проценти сметаат дека комбинација од различни управувачки елементи е најдобра, а 16 проценти преферираат екран чувствителен на допир и/или контрола со гестови додека самодесет проценти сакаат да ги контролираат функциите на својот автомобил претежно или во целост со глас.

Според анкетата, испитаниците пред сè сакаат реални типки или команди за отворање и затворање на прозорецот, за подесување на климата и јачината на звукот на аудио системот.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја