Се појавија првите фотографии од BMW Z4

ОБЈАВЕНО НА:

Иако неофицијални, сепак на интернет се појавија првите фотографии од продукцискиот модел Z4 на BMW. Точно една година по претставувањето на концептот, а во пресрет на официјалната премиера на продукцискиот модел, на интернет се појавија фотографии на кои може да се забележи дека речиси и нема разлика помеѓу концептот и идниот продукциски модел.

BMW Concept Z4 има типични за родстер пропорции: долго меѓуоскино растојание, долга хауба и кратка заден дел. Главниот фокус на предната страна е т.н. „носот на ајкулата“ како кај Concept 8 series.

 

“Бубрезите” карактеристични на БМВ се многу големи, а “мрежата” зад нив потсетува на класични модели. Фаровите се заострени, а за првпат во BMW наоѓаме светла за дневно возење, една над друга, а не една до друга. Визуелно, автомобилот потсетува на Z8, но има сличности со Mercedes-AMG GT.

 

Во недостаток на официјални информации околу техничките карактеристики, се очекува овој модел да биде опремен со шест цилиндарски twin-turbo агрегат со 380 КС.
Покрај овој мотор, во понуда ќе бидат понудени изведби со послаби карактеристики, а во наредниот период се очекува да бидат претставени изведбите со точки технички карактеристки како и цената за основниот модел.

Инаку првата генерација на Z серијата на BMW се појави во 1989 година кога германскиот прозиводител го лансираше Z1 моделот. Од тогаш па се до денес се лансирани пет генерации, а две од нив се однесуваат на Z4 моделската изведба. Z4 моделот за прв пат се појавува во рамките на четвртата генерација на Z серијата на BMW, а најзаслужен за изгледот на овој модел е данскиот дизајнер Андерс Варминг.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK