Официјaлно претставена новата BMW серија 1

ОБЈАВЕНО НА:

Баварскиот производител BMW ги објави официјалните фотографии од изгледот на новата генерација на серија 1. Од претходно е познато дека овој модел се темели на FAAR платформата кој модифицирана ја користат и моделите X1, X2 и 2 Active Tourer. Со ова овој автомобил добива погон на предните тркала.

Во поглед на екстериерот најголема промена има во задниот дел каде овој модел има добиено целосно нови задни LED светл и значително изменет заден браник. Токму и модифицираниот браник придонесе да новата единица биде пократка за 5 мм од актуелниот модел. Така должината сега изнесува 4.319 мм, ширината 1.799 мм, висината 1.434 мм додека меѓуоскиното растојание сега изнесува 2.670 мм.

 

BMW Serije 1

Под хаубата ќе биде понудена со широка палета на три и четири цилиндрични бензински и дизелски мотори. Во поглед на бензинските мотори тука се 1.5 литарските со 140 и 116 КС како и M135i изведбата со 306 КС. Двата дизелски мотори располагаат со 150 и 190 КС. Најмоќната верзија е токму М изведбата која максимално ќе забрзува за 250 км/ч.

Внатрешноста е инспирирана од останатите модели на овој производител. Во зависност од нивото на опременост, новата серија 1 ќе биде достапна со екран осетлив на допир од 8.8 инчи до 10.25 инчи. Тука е и последната генерација на BMW Intelligent Personal Assistant, новата генерација на iDrive систем, а доаѓа и со 9.2 инчен head-up дисплеј. Во поглед на безбедноста и системите за асистенција на возачот не треба многу да се троши текст – едноставно доаѓа со најсовремената технологија.

BMW Serije 1

Пошироката јавнсот ќе може да го запознае овој модел на специјален настан кој ќе се организира од 25. до 27. јуни во Минхен, а саемската премиера ќе ја има во септември во рамките на саемот во Франкфурт. Токму во пресрет на овој саем се очекува да биде откриена и продажната цена во Германија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK