Mercedes AMG SL ја покажа внатрешноста пред дебито на 28 октомври

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes објави дека светската премиера на новата генерација AMG SL ќе се одржи дигитално на 28 октомври на медиумската страница на Mercedes (https://media.mercedes-benz.com/amg-sl )

Mercedes-Benz најави дека AMG SL ќе се врати на своите историски вредности и ќе дебитира со мек покрив, но и со прогресивен дизајн, а сè за новиот автомобил ќе објасни Филип Шимер, извршен директор на Mercedes и Гордон Вагенер, главен дизајнер на Daimler AG. Компанијата исто така вели дека новиот SL ќе биде совршено прилагоден за секојдневна употреба со 2 + 2 седишта во внатрешноста, но во исто време за прв пат во својата историја ќе дебитира во верзија со погон на четири тркала

Mercedes истакнува дека задните седишта на новиот SL ја подобруваат дневната применливост на моделот нудејќи можност да седат луѓе високи до 1,5 метри. Новиот Mercedes-AMG SL ќе биде достапен со опција за нарачка со head-up дисплеј, кој ќе му овозможи на возачот да избира помеѓу неколку различни интерфејси на информациите што му се доставени.

Деталите за погонот на автомобилот сè уште се мистерија, иако неодамнешните шпионски снимки дадоа некои навестувања. Автомобилот е забележан со ист изглед на задниот браник како на Mercedes-AMG GT 63 S E Performance што дебитираше минатиот месец. Производителот веројатно ќе користи 2 литарски турбополнач со електрична помош. Се шпекулира дека комбинираната моќност е 578 КС. Хибридниот погон ќе се комбинира со деветстепен автоматски менувач.

Кон средината на март оваа година, Mercedes-AMG објави дека голем дел од развојот на новиот SL е извршен со помош на компјутерски симулации и тестови. Сепак, автомобилот не може успешно да се реализира без соодветни тестови во реални услови на патот, вклучително и екстремни.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK